Руси дизајнираа беспилотен лебдечки воз

134

Институтот за термичка технологија во Москва, руски инженерски и научно-истражувачки институт, кој е дел од вселенската корпорација Roscosmos, дизајнираше воз маглев што може да работи во беспилотен режим, пренесе Tass.

Маглев (потекнува од магнетно лебдење) е железнички транспортен систем што користи два сета магнети. Притоа со системот на магнети се овозможува подигање на возот и негово одржување во стабилна состојба, како и придвижување по шината, со помош на линеарен мотор.

“Целта на проектот е да се создаде демонстративен модел на возот со целосна големина за да се проверат и потврдат главните технички карактеристики на новите технолошки решенија поврзани со примената на технологијата маглев“, рече главниот проектант Јуриј Соломонов.

Фото: Facebook