Руси и Германци заинтересирани за Електростопанство Србија?

21

eps

Русите се заинтересирани за купување на Електростопанство Србија (ЕПС) и во случај да се постигне таков договор, газда на едно од најуспешните српски претпријатија би станала државната руска компанија Интер Рао, дознава Данас.

“Приказната за тоа дека рускиот државен гигант Интер Рао е заинтересиран за ЕПС е актуелна веќе со години”, вели соговорник за Данас, според кој и Интер Рао и германската компанија RWE се големи компании кои имаат капацитет да го преземат ЕПС, но дека не постои ниту една економска причина за тоа и ако дојде до аквизиција, причината во потполност ќе биде политичка.

Српските медиуми пред неодамнешната посета на премиерот Александар Вучиќ на Германија, шпекулираа дека RWE е заинтересирана за купување на ЕПС.

Од министерството за рударство и енергетика за Данас изјавиле дека немаат информации за тоа дека било која руска компанија се интересира за купување на Електростопанство Србија.