Руси поседуваат околу четири милиони квадратни метри земјиште во Црна Гора

165

Граѓаните на Руската Федерација се сопственици или косопственици 18,9 илјади недвижности и 3,9 милиони квадратни метри земјиште во Црна Гора.

Вкупната површина на недвижен имот на руски државјани, која опфаќа станбени и деловни простории, е 1,15 милиони квадратни метри, додека бројот на парцели што ги купиле во Црна Гора е 12,6 илјади, пишува агенцијата Мина, повикувајќи се на податоци од Администрација на недвижности.

Русите имаат недвижен имот во 13 црногорски општини – Бар, Будва, Цетиње, Даниловград, Херцег Нови, Колашин, Котор, Мојковац, Никшиќ, Подгорица, Тиват, Улцињ и Жабљак.

Најмногу недвижен имот имаат во Будва – 6,67 илјади, а нивната вкупна површина е 396,2 илјади квадратни метри. Во метрополата на црногорскиот туризам Русите имаат 603,83 илјади квадратни метри земја. Следува Бар, каде купиле или изградиле 4,66 илјади имоти, со вкупна површина од 285,03 илјади квадратни метри. Во општина Бар најмногу земјиште имаат Русите – 923,64 илјади квадратни метри.

Тие поседуваат и голем број недвижности во Херцег Нови – 2,94 илјади, со површина од 180,93 илјади квадратни метри, додека во таа општина имаат 698,28 илјади метри квадратни земјиште.

Во Котор сопственици или косопственици се 2,35 илјади недвижности и 659,78 илјади квадратни метри земјиште. Во Тиват Русите имаат 1,53 илјади недвижен имот и 294,06 илјади квадратни метри земја