Руси во супермаркет ќе плаќаат со поглед

16

Клиентите на Sberbank во Русија наскоро ќе можат производите купени во супермаркетите да ги платат со помош на апликација на банката и со поглед на касите за самопослужување.

Компанијата X5 Retail Group, којашто управува со неколку синџири на супермаркети, во Русија претстави услуга за плаќање на производи со поглед на касата за самопослужување, пренесува Russia Beyond.

“Новиот начин на плаќање до крајот на овој месец ќе биде достапен во 150 супермаркети на трговскиот синџир Perekrjostok, а во април услугата ќе биде достапна и за други маркети во Москва“, се наведува во соопштението.

За користење на оваа технологија потребно е во мобилната апликација на банката да ја наведе картичката од којашто ќе се симнуваат средствата. Исто така за плаќање со поглед на касата во продавницата по скенирање на производите ќе треба да се избере соодветната опција, за неколку секунди да се симне маската и да се погледне во камерата.

Фото: Pexels