Архитектонското биро Nefa Architects го комплетира футуристичкиот дизајн на терминалот на меѓународниот аеродром Курумоч во областа Самара во Русија, пишува Freshome.com.
Ентериерот на новиот аеродромски терминал е посветен на ерата на истражувањата на вселената.
Курумоќ е најголемиот аеродром во регионот Волга со голем број домашни и меѓународни летови, а овој проект е дел од големиот план за проширување на неговиот капацитет.
Целта на архитектите е да направат естетски и пријатен простор, којшто ќе овозможи максимална удобност на патниците. Додека го очекуваат својот лет, патниците ќе можат да уживаат во музика од филмовите Соларис и Војна на ѕвездите.
Доколку некој се доближи до ѕидовите на терминалот, ќе го чујат звукот на авионите што го поврзува терминалот со сето она што се случува на пистата.
Заоблените форми, капсулите за одмор и кабините за пушење изгледаат како да се позајмени од некој филм за вселената од 60-тите и 70-тите години на минатиот век.