Русија го блокираше увозот на стока од Украина

27

158728230Федерацијата за работодавци во Украина соопшти дека руската царина ги вклучила во список на ризични сите извозници од Украина, што всушност значи дека го блокира увозот на украинска стока на неодредено време.

Во соопштението се наведува дека руската царинска служба во јули на списокот на ризични извозници од Украина имала 40 превозници, но дека од средата ги вклучила апсолутно сите.

“Во суштина, се работи за целосна блокада на украинскиот извоз на неодредено време, на недела или дури на месеци” наведува Федерацијата на работодавци на Украина.