Русија го казни Apple со повеќе од 12 милиони долари

45

Руската федерална антимонополска комисија соопшти дека му изрече парична казна на американскиот технолошки гигант, Apple, во износ од над 12 милиони долари поради злоупотреба на доминантна позиција на пазарот.

Во соопштението, како што пренесува Ројтерс, дистрибуцијата на апликациите на Apple преку нивниот iOS оперативен систем резултира со давање конкурентска предност на своите производи над понудата на ривалските компании.

Фото: Pexels