Русија го намали надворешниот јавен долг за 4,3 отсто

47

Според резултатите од првиот квартал од 2022 година, надворешниот јавен долг на Русија е намален за 2,6 милијарди долари.

Од 1 јануари до 1 април долгот е намален за 4,3 отсто на 57.143 милиони долари, соопшти Сметководствената комора.

„Државниот надворешен долг на Руската Федерација е намален за 2.559 милиони долари во однос на 59.709 милиони долари од 1 јануари. Истовремено, изразен во рубљи, надворешниот долг на државата од почетокот на годината е зголемен за 369.470 милиони рубљи или 8,3 отсто. Долгот на 1 април изнесуваше 4.804 милијарди рубљи“, се наведува во извештајот на Сметковната комора, пренесува Комерсант.