Русија годинава очекува дополнителни 10,6 милијарди евра приходи кои не доаѓаат од нафта и гас

До крајот на оваа година, рускиот федерален буџет би можел да постигне околу трилион рубљи (приближно 10,6 милијарди евра) дополнителни приходи кои не доаѓаат од нафта и гас, изјави  рускиот министер за финансии Антон Силуанов.

Силуанов, презентирајќи го извештајот за спроведувањето на буџетот за 2025 година во Државната дума, рече дека се очекува приходите од нафта и гас, како и оние од други извори, да ги надминат планираните нивоа, пренесува Интерфакс.

Според него, дополнителните приходи надвор од нафтениот и гасниот сектор треба да достигнат околу една милијарда рубљи, првенствено благодарение на економскиот раст и поврзаните индикатори за економска активност.