Русија и Кина ги здружија силите во пронаоѓањето на вакцина против коронавирус

55

Кинеската фармацевтска компанија CanSino Biologic и руската Petrovax Pharm ја започнаа третата фаза на клинички испитувања на вакцина против коронавирус, објави утрово Global Times.

Тестовите во моментов се спроведуваат на руска територија. Двете компании добија дозвола од руското Министерство за здравство да ја тестираат ефикасноста на вакцината Ad5-nCoV.

Тестирањата во Русија ќе завршат до крајот на септември, а резултатите ќе бидат објавени пред зимата. Вакцината се очекува да биде тестирана на 40.000 волонтери, но само дел од нив се руски државјани.

Управата на CanSino Biologic, исто така, ги истражува можностите за соработка со Мексико, Пакистан и Саудиска Арабија.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунинг на брифинг изјави дека кинеските фармацевтски компании развиле девет вакцини за коронавирус кои се во клинички испитувања и наскоро ќе бидат достапни за сите земји.

Фото: Pixabay