Русија и Кина ќе ја добијат првата прекугранична жичница

34

Данското дизајнерско студио UNStudio ќе ја гради првата жичница во светот што ќе поврзува две земји. За таа цел одбрана е границата помеѓу Русија и Кина, којашто досега беше по природен пат, односно преку реката Амур.

Жичницата ќе ги поврзува рускиот град Благовешченск и кинескиот Хејхе. Проектот, освен жичница, ќе вклучува и почетна станица на руската страна.

Патувањето ќе се одвива во две линии и четири кабини коишто ќе собираат по 60 патници секоја и дополнителен простор за багажот на патниците, пишува Designboom.

Патот ќе трае 7,5 минути, а за време на возењето патниците ќе уживаат во прекрасната глетка на реката и двата града.

Од 19-от век Амур ја дефинира оваа граница, а жичницата на еден симболичен начин ќе придонесе за одбележување на историскиот момент.

Фото:UNStudio