Русија ја намали испораката на гас за Италија за 50 отсто

16

Рускиот енергетски гигант Гаспром го намали извозот на гас во Италија за 50 отсто, објави италијанската енергетска компанија ЕНИ.

Гаспром му вети на Рим само половина од нарачаните за петок 63 милиони кубни метри гас, објави ЕНИ.

Снабдувањето со гас е веќе намалено оваа недела, за 15 отсто во среда и 35 отсто во четврток.

Русија го прекина снабдувањето со гас за неколку европски земји во последните неколку недели поради споровите околу санкциите на Западот воведени кон Москва поради нејзината инвазија на Украина. Испораките за Германија беа намалени за 60 отсто оваа недела преку гасоводот Северен тек.

Цените на енергијата значително се зголемија поради намалените испораки на руски гас во Европа, а многу аналитичари стравуваат дека Русија би можела целосно да го прекине снабдувањето за да изврши тактички притисок врз Европа. Комесарот за економија на Европската комисија, Паоло Џентилони, во четвртокот предупреди дека стариот континент би можел да влезе во рецесија доколку се прекине снабдувањето со гас од Русија.