Русија ќе ги легализира криптовалутите поради западните санкции

78

Со цел да се ублажи влијанието на западните санкции, кои забрануваат увоз на многу производи во Русија, руските власти планираат да ги легализираат криптовалутите следната година, според извори од руската Државна дума, а пренесува германската новинска агенција dpa. Со тоа би се овозможил своевиден паралелен увоз на стоки.
Како што изјави за весникот „Комерсант“ во понеделникот Анатолиј Аксаков, претседател на Комитетот за финансии на Думата, криптовалутите можат добро да се користат во меѓународните плаќања.

Истовремено, неопходно е да се обезбеди правна сигурност на нивната употреба за да се заштити т.н „паралелен увоз“. Тоа е термин што го користат руските власти за да го опишат увозот на стоки без експлицитна дозвола од производителот, наведува dpa.

Досега, употребата на криптовалути беше забранета во Русија, бидејќи домашната централна банка беше скептична за нивната употреба веќе неколку години.

Во септември, рускиот премиер Михаил Мишустин сигнализираше промена кон различни ставови за ова прашање, кога рече дека властите ќе постигнат унифициран договор за употреба на криптовалути до крајот на годината.

Западните санкции наметнати како резултат на рускиот напад врз Украина забрануваат увоз на многу производи во Русија. Во нив доминираат производи од индустријата за оружје, високотехнолошки производи и компоненти за електронската индустрија, како што се полупроводнички чипови, машини и опрема.

Русија, пак, се обидува да добие дел од тие стоки од други земји кои не се приклучиле на споменатите санкции, пренесува Сеебиз.