Почетна Новости Европа Русија ќе однесе двајца туристи во вселената во 2021 година

Русија ќе однесе двајца туристи во вселената во 2021 година

30

Од 2001 година, па наваму Русија им овозможи на седум туристи да ја посетат вселената, а сега планира да однесе уште двајца, пишува Engadget.

Вселенската агенција на земјата Roscosmos, потпиша договор со Space Adventures да прошета двајца патници (туристи) до Интернационалната вселенска станица на крајот на 2021 година, кои ќе летаат со познатото вселенско летало Soyuz.

Нивните имиња не се откриваат, иако се претпоставува дека станува збор за некои моќници со длабок џеб.

Мотивацијата на Roscosmos за оваа “тура“ е финансиската помош што овие туристи ќе ја дадат за всленската индустрија на Русија, вклучувајќи ги идните Soyuz летала.

Фото: Pixabay