Русија минатата година испорача 107 милиони тони нафта на Кина

31

Русија испорача 107 милиони тони нафта на Кина во 2023 година, со што се задоволуваа 20 отсто од потребите на Кина за таа енергија, додека испораките на руски гас во Кина изнесуваат околу 40 милијарди кубни метри, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак.

Тој посочи дека енергетските ресурси во моментов сочинуваат една третина од руско-кинескиот трговски промет, пренесе ТАСС.

„Што се однесува до енергијата, станува збор за многу голем обем на промет меѓу двете земји“, рече Новак, говорејќи на форумот во Казан.