
На крајот на септември 2023 година, руските резерви на злато се искачија на рекордни 2.360 тони.
Со зголемување на оваа бројка Русија го задржа петтото место во светот меѓу земјите со најголеми резерви на злато, пренесува „РИА Новости“.
Руските резерви на злато се зголемија во септември за два отсто (за 44 тони) и достигнаа највисоко ниво во целата историја на земјата.
Истовремено, поради ненадејниот пад на цената на златото на крајот на септември, инвестициите во овој благороден метал паднаа за три отсто на 140,5 милијарди долари.
Првото место меѓу земјите со најголеми резерви на злато го заземаат САД (околу 8.000 тони), второ е Германија (околу 3.000 тони), трето Италија (2.000 тони) и четврта Франција (околу 2.000 тони).