Русија најголем инвеститор во БиХ

46

Во текот на минатата година, директните странски инвестиции во Босна и Херцеговина (БиХ) достигнаа околу 350 милиони евра, покажуваат официјалните податоци.

Најголем прилив на инвестиции има од Русија (околу 105 милиони евра), а втора е Хрватска со 58,5 милиони евра.

Најголем дел од инвестиции се во областа на рафинирање нафтени деривати (101 милион евра), финансиски и услужни дејности (77 милиони евра) и трговија на големо (46 милиони евра).

Фото: Pexels