Русија нема да успее да вакцинира 60% од населението до оваа есен

15

Русија нема да го оствари планот до оваа есен да вакцинира 60% од својата популација против коронавирусот поради слабиот одѕив за вакцинирање, објави Кремљ, откако земјата имала огромен број на починати од коронавирус.

Руските власти за неодамнешниот раст на бројот на заразени со коронавирус ја обвиниле индиската варијанта на вирусот, првпат откриена во Индија, на којашто се однесува 90% од нивните случаи. Ситуацијата ја отежнува фактот што голем број Руси не сакаат да се вакцинираат.

Слабиот одѕив и покрај бесплатната и широкораспростране руска вакцина, ги принуди властите во некои региони да воведат задолжителна вакцинација за некои работници или да поттикнат иницијативи како наградни игри во коишто може да се освојат автомобил или стан.

Русија од почетокот на пандемијата има регистрирано 5,5 милиони заразени.

Фото: Pexels