Русија ѝ нуди на ЕУ 100 милиони дози од вакцината Sputnik V

43

Москва му соопшти на Брисел дека Русија може да ѝ обезбеди на Европската унија 100 милиони дози на Sputnik V, за вакцинирање на 50 милиони жители на Унијата.

Sputnik V е првата регистрирана вакцина против коронавирус во светот, а таа постапка беше завршена во август 2020 година. Компанијата што ја произведува, како и руските регулаторни тела, изјавија дека има заштита и до над 90%.

ЕУ се наоѓа во големи проблеми со планираната имунизација на жителите поради неиспорачувањето на нарачаните вакцини од компанијата AstraZeneca, поради што Брисел и раководството на оваа фармацевтска компанија веќе две недели се во “војна“.

Имунизацијата во ЕУ сега може да биде спасена од овие понудени руски вакцини.

Фото:Pixabay