Русија официјално ја напушта Светската туристичка организација

49

Руските власти синоќа соопштија дека земјата официјално се повлекува од Светската туристичка организација, од која беше исфрлена во април поради инвазијата врз Украина.

Владата „го прифаќа предлогот на Министерството за надворешни работи на Русија за повлекување на Русија од Светската туристичка организација“, се наведува во указот потпишан од рускиот премиер Михаил Мишустин.

Светската туристичка организација, агенција на ОН одговорна за промовирање на туризмот со седиште во Мадрид, на 27 април соопшти дека ја исклучува Русија поради нејзината интервенција во Украина, за која смета дека е спротивна на нејзините вредности.