Русија планира да произведува повеќе гас во 2024 година

13

Русија во 2024 година ќе произведе 667 милијарди кубни метри гас, изјави  рускиот министер за енергетика Николај Шулгинов. Со тоа производство, Русија ќе биде речиси на ниво на производство (-0,8%) од 2022 година, кога во ЕУ извезла 64 милијарди кубни метри гас, што сега не може да го извезува преку гасоводи (може само како ЛНГ).

Шулгинов додаде дека според прелиминарните проценки Русија годинава ќе произведе 523 милиони тони нафта, пренесува Комерсант. Шулгинов напомена и дека обемот на преработка на нафта ќе биде нешто помал од лани.

На 25 јануари вицепремиерот на Русија Александар Новак објави дека производството на гас во Русија во 2023 година е намалено за 5,5% и изнесува 636,7 милијарди кубни метри.

Од друга страна, производството на гас од морските полиња се зголеми за 10,9 отсто на годишно ниво на 34,5 милијарди кубни метри во 2023 година, посочи Новак.