Русија планира да субвенционира купување домашни електрични возила

68

Русија планира да го субвенционирање купувањето електрични возила од домашно производство со цел да ја поттикне побарувачката и производството, најави руското министерство за економија.

Користењето електрични возила во еден од најголемите светски производители на нафта е далеку зад Европа, а во овој момент Русија не произведува ниту еден електричен модел. Но, руската влада има амбициозен план и размислува да дава фискална поддршка за да зајакне тој сектор.

Од проценетите вкупно 45 милиони возила коишто лани се возеле низ руските улици, само 11.000 се електрични и тоа купени како половни.

Преку субвенции, руската влада планира да покрие 25% од цената на било кој електричен автомобил произведен во Русија, до максимални 625.000 рубљи или 8.750 долари, најверојатно на почетокот на следната година.

Русија планира годишно производство на 220.000 електрични возила до 2030 година, а претставници велат дека некои странски компании покажале интерес за производство во земјата.

Фото: Pixabay