Русија почнува со тестирање на дигиталната рубља со вистински клиенти на реални трансакции

15

Банката на Русија објави дека има намера да ја тестира дигиталната рубља со вистински клиенти на реални трансакции во август.

„Законот за дигитални рубљи е усвоен. Сега треба да ги донесеме потребните прописи. И очекуваме тоа да го направиме што е можно поскоро. Планираме да започнеме пилот проект со вистински дигитални рубљи во август“, изјавија од централната банка за ТАСС.

Соопштението доаѓа откако руската Државна дума усвои закон со кој се создава основата за создавање и употреба на дигитална верзија на валутата.

Банката првично планираше да започне пилот-проект за дигитална рубља со „вистински клиенти“ и 13 банки во април, но беше принудена да го одложи бидејќи не беше донесена потребната регулатива, пренесува teletrader.