
Руската Сбербанк објави дека нејзината нето добивка во првите девет месеци изнесува 1,149 трилиони рубљи или 11,61 милијарди евра, додека добивката за третиот квартал изнесува 411,4 милиони рубљи. Според генералниот директор на банката, Херман Греф, кој беше цитиран во соопштението, одличните резултати за девет месеци и добриот почеток на четвртиот квартал даваат основа за подигање на прогнозата за поврат на капиталот за 2023 година на над 24 отсто. пренесува Тасс.
Нето приходите од камати на банката се зголемија во текот на деветте месеци на 1,828 милијарди рубљи, односно 18,44 милијарди евра, а каматната маржа се зголеми на шест проценти поради зголемувањето на каматните стапки и подобрената структура на билансот на состојба. Нето приходите од провизии за девет месеци изнесуваат 553,5 милијарди рубљи или 5,57 милијарди евра. На крајот на третиот квартал кредитното портфолио на населението изнесувало 15,2 трилиони рубљи, односно 153,38 милијарди евра и од почетокот на годината е зголемено за 22,1 отсто, пренесува Танјуг.
Фото: Facebook