Русија повеќе не е меѓу петте најголеми трговски партнери на Србија

Русија повеќе не е меѓу петте најголеми трговски партнери на Србија, покажуваат најновите податоци на Републичкиот институт за статистика (РЗС), како што пренесува BNEIntellinews.

Претходно Русија заземаше значајно место на увозниот пазар на Србија, пред сè благодарение на увозот на гас. Последните бројки откриваат промена во трговските односи на Србија .

Германија на врвот
Во првиот квартал од 2024 година, Германија ја зајакна својата позиција како најголем надворешно трговски партнер на Србија и во извозот и во увозот. Други клучни извозни пазари на Србија се Босна и Херцеговина, Италија, Кина и Унгарија. Во однос на увозот, најважни партнери беа Германија, Кина, Италија, Унгарија и Турција.
Надворешната трговија беше најголема со земјите со кои Србија има потпишано договори за слободна трговија. Земјите-членки на Европската унија учествуваа со 61,1 отсто од вкупната трговска размена во првиот квартал од 2024 година.