Русија предупреди за контрамерки кои нема да се допаднат на Западот

112

Русија ги предупреди членките на Г7 дека постои можност да престане да ги снабдува со нафта.

„Русија ќе воведе ембарго на земјите кои го поддржуваат ограничувањето на цената на нафтата предложено од Вашингтон. Според мене, ова е целосен апсурд… На оние компании или земји кои ќе воведат рестрикции, ние нема да ги снабдуваме  со наша нафта и нафтени деривати, затоа што нема да работиме под непазарни услови“, изјави во четвртокот вицепремиерот на руската влада Александар Новак.

Воспоставувањето на горна граница на цената на руската нафта е наменето како средство за намалување на приходот на Москва од извозот на оваа стока, а во исто време да се избегне отстранувањето на нафтата од земјата од пазарот. Предлогот треба да биде разгледан на состанокот на министрите за финансии на Г7 во денеска. Според Новак, таквиот план ќе ги загрози пазарните механизми на „вака важна индустрија како нафтата“ и може само да доведе до дестабилизација и на индустријата и на нафтениот пазар.

„А европските и американските потрошувачи први ќе платат за тоа, а тие денес веќе плаќаат високи цени поради дестабилизирачките мерки што ги спроведуваат. Поточно, санкциите“, рече Новак. Официјалниот претставник додаде дека Русија во моментов пумпа онолку нафта колку што може да произведе и продаде во моментот, но ако условите на глобалниот пазар се стабилизираат и руските производители се уверени дека ќе најдат купувачи, производството може да се зголеми.