Русија претстави нов модел на патнички авион

48

mc 21

Русија го претстави новиот модел на патнички авион, којшто ќе се најде во флотата на руските и на странските авиопревозници, пишува Reuters.

Моделот MC – 21 сè уште е во процес на тестирање, а се очекува сериското производство да започне следната година. Авионот ќе има две верзии – MC -21 – 300, којшто ќе има од 160 до 211 седишта, а другиот тип е MC – 21 – 200 со од 130 до 165 седишта.

Првите испораки на рускиот авион се очекуваат на почетокот на 2018 година, а тамошните медиуми откриваат дека веќе се склучени неколку договори со домашни и странски авиопревозници.

Овој руски авион не е направен од метал, туку од композитни материјали што му ја овозможува да биде полесен и многу поиздржлив.