Русија продолжува да го зголемува производството на нафта

76

Вицепремиерот Александар Новак изјави дека производството на нафта во Русија ќе биде целосно обновено во јуни.

Русија продолжува да го зголемува производството на нафта во првите денови од јуни, а планот е да се обнови што е можно поинтензивно по намалувањето на производството во март и април, изјави вицепремиерот Александар Новак.

Тој додаде дека производството делумно е обновено во мај, а дека целосно ќе се опорави во јуни, пренесува ТАСС.