Русија следната година очекува буџетски дефицит од 0,5 отсто од БДП

99

Буџетскиот дефицит на Русија се очекува да изнесува 0,5 од бруто домашниот производ (БДП) во 2025 година, соопшти денеска руското Министерство за финансии.

Според нацрт-федералниот буџет, беше проектиран дефицит во државната каса во 2026 година од 0,9 отсто од БДП, како и 1,1 отсто од БДП во 2027 година, пренесе ТАСС.

„Буџетот се формира врз основа на обезбедување на структурно салдо и нула примарен структурен дефицит, така што се претпоставува дека вкупниот буџетски дефицит ќе биде во границите од 1,0 отсто од БДП на годишна основа“, велат од Министерството за финансии.