Русија: Стар затворски комплекс се претвора во хостел каде гостите ќе спијат во темница

19

toboljski zatvor

Во еден од деловите на Тобољскиот затворски комплекс, на петти овој месец се отвора хостел. Дел од затворските ќелии за таа цел се пренаменети во хотелски соби. Најхрабрите гости ќе можат одблизу да го почувствуваат затворскиот ужас. Oрганизаторите ветиле дека нивните гости ќе “уживаат во повеќечасовен престој во темница сосема сами и опколени со ѕидовите што се сведоци на различни стравови и болка“, пишува Рускаја Газета.

“Можете само да замислете колку настани и тајни останале непознати и загубени во минатото на овој затвор’“, велат претставници на музејот – хостел.

Тобољск е град сместен во северниот дел на Урал. Затворот, што бил изграден во 1855 година, подоцна бил претворен во музеј.

Во ѕидините на овој затвор престојувале голем број познати затвореници, а меѓу нив и познатиот писател Фјодор Достоевски.