Русија тврди дека сите логистички и финансиски проблеми предизвикани од санкциите се решени

87

Сите логистички проблеми предизвикани од санкциите за продажба на руско оружје се решени, изјави во вторник шефот на Рособоронекспорт, овластен извозник на руско оружје.

Решени се и предизвиците поврзани со финансиските трансакции, изјави Александар Михејев на новинарите на маргините на Дубаи Аиршоу 2023, јавува Anadolu Agency.

„Работевме долго време без SWIFT, без долари и без евра, научивме да плаќаме без да ги користиме овие алатки“, рече тој.

Според неговите зборови, решенијата што ги нашле овозможуваат повеќегодишна воена соработка со одредени земји во светот, вклучително и африканските земји.