Русија воведува фиксна цена под која нема да продава нафта?

213

Русија размислува да постави цена под која нема да продава нафта како одговор на ценовните ограничувања на руската нафта наметнати од земјите на ЕУ, Г7 и Австралија.

Москва размислува или да воведе фиксна цена за барел руска нафта или да пропише максимални попусти на меѓународниот пазар на кој може да се продава руската нафта, пишува Блумберг.

Ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел, наметнато од ЕУ, Г7 и Австралија, стапи на сила во понеделникот. На овој начин Западот се обидува да ја ограничи способноста на Москва да ја финансира војната во Украина, но Русија најави дека нема да се придржува до ограничувањето на цената на нафтата, дури и ако треба да го намали производството, пренесува Ројтерс.