Русија воведува личен банкрот

20

prazen paricnik

Милиони Руси од први овој месец ќе можат да прогласат личен банкрот, доколку не се во состојба навреме да ги исплатат своите обврски, пишува The Moscow Times.

Оваа мерка е донесена за да им се олесни финансиската ситуација на луѓето кои на долг рок се борат со неплатените долгови, а во исто време ќе го доближи руското законодавство со многу други земји, каде што законски се заштитени и банките и должниците.

Но, аналитичарите предупредуваат дека оваа нова законска мерка може да предизвика огромен број на случаи на личен банкрот, коишто ќе го оптоварат законскиот систем и ќе предизвика сериозни штети на банките.

Новиот закон овозможува личен стечај на Русите чиј вкупен долг надминува 500.000 рубљи или околу 6.800 евра и кои повеќе од три месеци не се во состојба да ги исплатат достасаните обврски. И лицата кои имаат помал долг од наведениот, но не се во состојба да ги исплаќаат обврските, имаат право да поднесат барање за личен банкрот.