Русија врати 19 тони киви од Србија

53

kivi

Руската служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор не дозволила влез на 19 тони киви од Србија поради неважечки документи, пренесува Танјуг.

Вратени се и 20 тони млеко во прав од Белорусија.

Како што стои во соопштението што го објави руската Риа Новости, на меѓународниот патен премин Новие Јурковичи, на територијата на Русија не се пуштени 19 тони киви увезено од Србија, поради неважечки фитосанитарен сертификат.

Русија во август на една година забрани увоз на некои прехранбени производи од земјите на ЕУ, САД, Канада, Австралија и Норвешка. На списокот забранети производи се месо, морски плодови, овошје, зеленчук, млечни производи.