
Руските граѓани очекуваат просечната инфлација да биде 14 отсто во следните 12 месеци, покажуваат резултатите од јануарското истражување спроведено од Банката на Русија.
Инфлациските очекувања се зголемени во однос на декември, кога изнесуваа 13,9 отсто, пишува Комерсант.
Анкетираните граѓани сметаат дека просечната инфлација во претходните 12 месеци била 16,4 отсто.
И двата показатели се во пораст трет месец по ред.
Според резултатите од истражувањето, 40 отсто од Русите имаат парични заштеди.
Очекуваната инфлација во следните 12 месеци кај граѓаните без штедење достигна 15,4 отсто, а кај испитаниците со заштеди 12,6 отсто.
Годишната инфлација во Русија во 2024 година беше 9,52 отсто реално, а Банката на Русија очекува таа да падне оваа година и да биде во опсег од 4,5 до 5 отсто.











