Русите основаа шест пати повеќе компании во Црна Гора оваа година

Од почетокот на годинава во Црна Гора основани се 8.679 фирми, од кои 573 се занимаваат со програмирање, 454 ресторани и мобилни угостителски објекти, 448 канцеларии за деловни и менаџерски совети. Основани се и 382 фирми кои се занимаваат со градежништво, 368 продавници на големо со различни производи и 362 малопродажни продавници кои исто така имаат разновидна понуда. Регистрирани се и 162 нови компании кои нудат услуги од областа на информатичката технологија, 160 агенции за недвижности, 153 кафулиња, 143 инженерски бироа кои нудат и технички консалтинг, 113 онлајн продавници, уште 107 компании за камиони и 104 за хотелско сместување.

Руските граѓани од почетокот на 2022 година основале 3.091 компанија во Црна Гора, што е шест пати повеќе од целата минатата година. За споредба, граѓаните на Турција и Украина формирале за третина повеќе фирми од лани, поточно 1.236, односно 190. Нешто поголем е бројот на оние кои се во сопственост на државјани на Србија – 247, како и фирми со мешовит капитал, чии основачи се од Црна Гора и Русија, Украина, Србија и Турција и има 102.