Русите открија наоѓалиште на нафта и гас во Карско море

203

Рускиот нафтен гигант Rosneft објави дека открил поле на гас во Карско море кое содржи околу 514 милијарди кубни метри природен гас.

Компанијата наведува дека ова откритие може да овозможи воспоставување на нов кластер за производство на нафта и гас во таа област.

Полето, именувано по советскиот маршал Константин Рокосовски, е трето откритие на Rosneft на Арктикот. Тоа е дел од големата кампања за дупчење на Rosneft за развој на потенцијалот за нафта и гас во регионот.

Фото: Pixabay