Руска банка очекува над милијарда долари добивка од вештачка интелигенција

68

Вештачка интелигенција на руската Sberbank може да ѝ донесе нешто над милијарда долари нето добивка, изјави извршниот директор, Герман Греф, пренесуваат руските медиуми.

Во текот на минатата година, Sberbank со употреба на вештачка интелигенција планирал да оствари повеќе од 600 милиони евра дополнителна добивка.

Најголемата руска банка планира да ги употреби новите ИТ технологии во банкарството и фокусот го става на потрошувачите.

Минатата година, нето добивката на Sberbank се намали за 10% поради порастот на резервации и лоши заеми.

Фото: Pexels