Руска банка планира да го продаде уделот во хрватска Фортенова група

22

Фортенова група продолжува со чистење на широкото портфолио за да се фокусира на три бизнис сегменти – малопродажба, прехрана и производство.

По градежниот, туристичкиот и одделот за замрзната храна, во финална фаза е продажба на уште неколку фирми, но сите ги засени најавата за продажба на сопственичкиот удел на Sberbank во една од најголемите компании во југоисточна Европа, пренесува ХРТ.

Две руски банки се мнозински сопственици на Фортенова група, но продажба на уделот засега најави само првиот човек на Sberbank, кој го има најголемиот поединечен пакет акции од 44%. Претседателот на управата за Sberbank, Херман Греф рекол дека целта им е да ја подигнат вредноста на компанијата и да излезат од нејзе без загуба во следните две години.

Фортенова група е најголем работодавач во регионот, којшто вработува повеќе од 50.000 лица. Мнозинскиот пакет акции е во рацете на тројца акционери, две руски банки и концернот Enna на чело со Прво плинарско друштво.

Фортенова група под своја “капа“ сега има 16 компании.

Фото: Pexels