Руската федерација доделува 60 стипендии на македонските студенти

25

Руската федерација доделува 60 стипендии за македонски студенти за додипломски, магистерски, специјалистички и докторски студии.

Од нив, 44 се за редовни додипломски, седум се за магистерски, осум за специјалистички, а една за докторски студии, информира министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
“Станува збор за стипендии кои ќе се доделуваат во технички области, односно на техничките универзитети и факултети на Руската федерација, области на технолошко – металуршкиот развој, во кои се инвестира и унапредува во Република Македонија, како што се развојот на гасот, електроенергетскиот сектор, математиката и физиката. За нас е многу значајно што ќе бидат стипендирани да студираат во едни од најквалитетните универзитети во овие области, бидејќи Русија има сериозен квалитативен показател во однос на овие технички струки на вкупно образовно ниво”, рече Ристовски.
Ристовски очекува дека интересот за овие стипендии ќе биде голем и аплерира сите заинтересирани да ги достават своите апликации до 8 април.