Руски бизнисмен инвестира 110 милиони евра во туристички комплекс во Црна Гора

21

Persons of SPIEF 2013

Рускиот бизнисмени Олег Дерипаска ќе вложи 110 милиони евра во туристички комплекс што ќе се гради во заливот Трстено, пишуваат црногорските медиуми.

Елитниот туристички комплекс ќе се простира на површина од 550.000 метри квадратни, којашто Дерипаска ја купи во 2004 година, а изградбата се очекува да започне веднаш по добивање на градежните дозволи.

Компанијата KPM Limited, зад којашто стои Дерипаска, од црногорските власти неодамна побара градежна дозвола за изградба на туристички комплекс во населбата Трстено во Котор.

Рускиот бизнисмен планира да изгради хотел со пет ѕвезди, хотелско – апартмански комплекс, неколку луксузни вили, ресторани, катри клуб, терени за спорт и голем спа центар.