Руски економист предупредува: Kои валути не треба да се купуваат

187

Најслабите средства во кои секако не треба да инвестирате се таканаречените егзотични валути, изјави за агенцијата Прајм инвестицискиот стратег на , Александар Бахтин.

Оваа валутна класа не се препорачува за купување, освен кога планирате патување во земји како Иран, Венецуела, Авганистан. Валутите на овие земји се несигурни и непрофитабилни средства поради економски и политички проблеми, објасни експертот.

Сомнителна валута е и турската лира. Само од почетокот на 2021 година изгуби 40 отсто од својата вредност. Поради многу ниската ликвидност, купувањето на вакви валути е придружено со високи трошоци за провизија. Ова го прави нивното купување уште побесмислено.

„Инвеститорот треба да формира валутна позиција во однос на доларот и еврото, при што најоптимално е да не чува пари, туку да инвестира во финансиски инструменти“, објасни Бахтин. Овие инструменти можат да бидат, на пример, хартии од вредност, берзански фондови.