Рускиот милијардер Сергеј Кациев следната недела ќе стане сопственик на три хотели во словенечкото лекувалиште Рогашка Слатина. Кациев, кој е косопственик на фирмата Мегаполис, ги купува Гранд хотел Рогашка, Хотел Штросмајер и Хотел Штирија, пишуваат регионалните медиуми.
Новиот сопственик, чија компанија се занимава со продажба на тутунски производи и веќе поседува туристички комплекс во Сочи, веројатно ќе мора да инвестира во хотелите, затоа што се реновирани во 2003 година.
Во Рогашка Слатина работат десет хотели со вкупно 1.500 соби и според градоначалникот Бранко Кидрич, моментално е најпосакуваното место во Словенија за странски инвестиции.