Руски научници “подучуваат“ компјутер да распознава емоции во говор

20

binary-2372130_960_720Фото: Pixabay

Експерти од факултетот за информатика, математика и компјутерски науки од Високата школа за економија од Русија, создадоа автоматски систем којшто може да идентификува емоции од глас, пишува EurekAlert.

Компјутерите веќе подолго време умеат говорот да го претворат во текст, но без емоционалниот момент. Луѓето на исто прашање одговараат со различна емоција, може да се смирени, весели, незаинтересирани, да сакаат да провоцираат и слично. Таканаречените неврални мрежи се процесори поврзани едни со други и способни за учење, анализа и синтеза. Паметниот систем ги надминува традиционалните алгоритми со тоа што комуникацијата помеѓу лицето и компјутерот станува интерактивна.

Тројца научници од Високата школа за економија успешно “истренираа“ ваква мрежа да распознае осум емоции: неутрална, смиреност, среќа, тага, лутина, страв, згрозеност и изненаденост. Во 70% од случаите компјутерот успешно ги идентификуваше емоциите.

Тимот ги трансформираше звуците во слики, наречени спектограми коишто им овозможија да работат со звук користејќи ги методите што се употребуваат за препознавање на слика. Според научниците, програмата успешно препознала неутрални и смирени тонови, додека среќа и изненадување малку потешко.