Руски психотерапевт советува како да ги прифатите вашите неуспеси

180

Андреј Курпатов, познат руски психотерапевт, писател и колумнист на многу публикации, ги постави златните правила на животот. Ви предлагаме да ги прочитате, бидејќи можеби и вам ќе ви одговараат. Креаторот на современиот модел на психологија, автор на повеќе од сто дела и неколку десетици монографии, раководи со еден од најдобрите психотерапевтски центри во Русија и е советник на Федералното собрание на Руската Федерација за психолошка култура и ментално здравје.

Никогаш не ја префрлајте одговорноста за она што ви се случува во животот на грбот на друг

Разбирам дека постои постојано искушение да се обвинува друг, тоа е можеби најлесното и со тоа да се оправдате. Прифатите дека сте автор на сите ваши неуспеси и креатор на сите ваши успеси.

Прифатете го фактот дека не можете да го промените минатото – готово е

Можеме да влијаеме само на иднината, а зависи од тоа што правиме сега. Мора да направите најдобро што можете за да ви се насмее иднината.

Отфрлете ја илузијата дека можете да ги промените другите

Потсвесно, сите ја имаме оваа наивна илузија дека можеме да промениме некого. Како резултат на тоа, ние страдаме затоа што не можеме да го спроведеме во дело. Само околностите можат да ги променат луѓето – се друго е само перцепција на измама. Дозволете им на другите да бидат различни, да бидат тоа што се.Во одреден момент можеби ќе почнете и да уживате со нив.

На луѓето им требаме силни

Никому не сте потребни кога сте слаб, уморен, патите или  сте несреќен. Ако луѓето се преправаат дека ве сакаат кога сте слаби, тие само ве лажат. Не подлегнувајте на такви лаги. Едноставно издишете, обидете се да се расположите…

Сите наши постапки имаат последици

Всушност, ние секогаш избираме – не што ќе правиме, туку што ќе излезе како резултат на нашите постапки. Затоа, секогаш размислувајте за последиците. На тој начин ќе ви се случуваат помалку глупави работи во животот.

Правете го она што навистина ви е важно

Ако се прашувате која е смислата на животот, најверојатно сте малку депресивни. Она што е најважно не е „смислата на животот“, туку чувството дека значајно го живеете својот живот. Правете го она што мислите дека е важно за вас. Не заборавајте да се потсетувате на ова од време на време. Ако едноставно го правите она што сметате дека е важно, успехот сигурно ќе ви дојде.

Не трошете време и енергија на оние кои не се грижат за вас или на оние кои не ве сакаат