Руски Rosneft ја презема индиската рафинерија Essar за 12,9 милијарди долари

43

rosneft

Фото: Rosneft

Најголемиот руски производител на нафта Rosneft успешно го затвори договорот за купување на 49% од акциите во индиската приватна рафинерија Essar Oil Limited, за што издвои 12,9 милијарди долари.

“Заедно со нашите партнери имаме намера да ја поддржиме компанијата и да ги подобриме финансиските перформанси“, вели извршниот директор на Rosneft, Игор Сечин.

Другите 49% му припаѓаат на конзорциумот Trafigura и рускиот фонд UCP, додека останатите 1,74% им припаѓаат на мали инвеститори, пишува Cnbc.