Руски старт – ап ќе огласува во земјината орбита

62

Рускиот старт – ап StartRocket создаваат малку поинаков начин на огласување и тоа во земјината орбита, пишува Astronomy.

Нивна идеја е во земјината орбита да лансираат десетина мали CubeSat сателити, коишто ќе може да се сложат во одредена формација. Сите сателити од една група би биле лансирани на иста ракета, на висина од околу 450 километри, нешто повеќе од висината на којашто се наоѓа Меѓународната вселенска станица.

На тоа место, групата сателити би можела да формира “екран“ – Orbital display, во кој секој мал сателит би бил еден пиксел што може поединечно да се контролира. За создавање слики, секој сателит би имал сопствено огледало што можело да ја рефлектира сончевата светлина кон Земјата.