Рускиот БДП порасна за 5,4 отсто и покрај санкциите

42

Руската економија расте за околу пет отсто, врз основа на зголемувањето на бруто домашниот производ (БДП) во првата половина од годината, изјави  рускиот претседател Владимир Путин, пренесува новинската агенција Интерфакс. „Ќе видиме што ќе донесе првата половина од годината, но приближно пет проценти раст на БДП на земјата“, рече Путин на собирот на дипломирани студенти.

Западните санкции всушност не успеаја да ја скршат руската економија. Според податоците на заводот за статистика Росстат, рускиот БДП во првиот квартал пораснал за 5,4 отсто. Растот првенствено се припишува на наглото зголемување на владините трошоци за оружје и војска, додека платите и исплатите на семејствата на загинатите и повредените ги дополнуваат приходите на многу семејства.

Недостигот на работна сила ги зголемува и платите. Аналитичарите се прашуваат дали таквиот тренд е одржлив.