Рускиот Мекдоналдс воведува Happy Meal, но со една важна разлика

89

Рускиот синџир за брза храна Вкусно и Точка, поранешен Мекдоналдс, ќе започне со продажба на верзии на Happy Meal, но со една важна разлика.

Како што се наведува во соопштението на компанијата, а според РБК, рускиот Happy Meal наместо играчки ќе нуди книги.

Ќе бидат достапни во неколку руски градови, како Новокузњецк, Новосибирск, Бердск, Барнаул, Томск, Кемерово и Краснојарск, почнувајќи од 12 декември. Продажбата во останатиот дел од земјата се планира да започне во јануари.

„Секое пакување ќе содржи едно од 14 ексклузивни книги со различни загатки и лавиринти од издавачката куќа CLEVER“, велат од компанијата и додаваат дека книгите од овој тип придонесуваат за развој на меморијата, логиката и распонот на внимание кај децата.