Рускиот вицепремиер: Цената на нафтата може да скокне на 300 долари за барел

118

„Цената на нафтата може да порасне до 300 долари за барел во случај на забрана за испораки од Русија, што е неверојатно сценарио“, изјави  рускиот вицепремиер Александар Новак.

„Во случај да се одбијат нашите испораки, јас велам дека цената на нафтата ќе биде 300 долари за барел, додека некои други велат 500 долари“, рече Новак, пренесува Тас с.

Според него, Европа не може целосно да се откаже од увозот на руски јаглеводороди бидејќи во овој момент е невозможно да се компензира руската нафта.